Контролка за македонските кошаркари против Хрватска во Загреб

Најдобрата кошаркарската репрезентација на Македонија, на 5. август во Загреб ќе одигра контролен натпревар против Хрватска.

Како дел од подготовките за претстојните квалификации за Европското првенство 2015 година, македонската кошаркарска селекција покрај контролните натпревари на домашен терен (Охрид и Скопје) ќе одигра и еден натпревар на гостински терен против Хрватска.

Ова е по барање на новиот селектор Александар Џикиќ кој сака да ги провери можностите на нашите кошаркари кога ќе настапуваат на теренот на противникот.

Македонската репрезентација веќе одигра три натпревар во Охрид, а од петок претстојат уште три средби во Скопје, против Полска, Италија и Црна Гора.

Потсетување дека во квалификациите Македонија во група Д за противници ќе ги има селекциите на: Белгија, Данска и Белорусија, а првиот натпревар ќе се игра на 10 август во СЦ „Борис Трајковски „ против Белгија, по што ќе следуваат три врзани гостувања (13.08.) Данска, (17.08.) Белорусија и (20.08) Белгија Квалификацискиот циклус избраниците на Џикиќ ќе го завршат во Скопје со дуелите против Данска (24.08.) и Белорусија (27.08). 

23.07.2014 - 18:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега