Пробиена половина од делницата на автопатот Миладиновци-Штип - Груевски изврши увид

 

Премиерот Никола Груевски,  министерот  за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски извршија увид во градежните работи на автопатот Миладиновци -Штип вреден 206 милиони евра кој треба да биде готов за три години.

- Градежните работи се одвиваат одлично, за речиси пет месеци работа пробиени се 43 проценти од трасата на која во моментов работат 260 работници и 136 градежни машини. Кон крајот на август овие бројки ќе се дуплираат, истакна Груевски за автопатот кој ќе биде со должина од 47 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Долж автопатот предвидено е да се изградат 8 натпатници и 5 потпатници.

23.07.2014 - 13:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега