"Среќни ли сте што земавте млад живот?" - писмо од таткото на починатото девојче од летот MH17

 

Татко од Холандија кој ја изгубил својата ќерка во текот на падот на авионот MH17 напишал писмо до човекот кој ја „убил“, според него претседателот на Русија, Владимир Путин.

Ханс де Борст ја изгубил својата ќерка единица во авионската несреќа во која загинаа 298 патници. Неговата голема болка ја споделил на Фејсбук.

-Споменати убијци, се надевам дека сте горди што го убивте нејзиниот млад живот, како и многу други. И што ќе можете да се погледнете во огледало утре наутро, напишал скршениот татко.

Во пораката, која е објавена овој викенд таткото говори за идните достигнувања кои се украдени од неговата ќерка и за тоа дека се надевала оти ќе го заврши образованието и ќе стане инженер.

-Елсмејк би ги завршила своите последни испити наредната година, заедно со своите најдобри другарки Јулија и Марина, бидејќи добро и одеше во училиште! После тоа сакаше да оди на Технички Универзитет да студира инженеринг и многу се радуваше на тоа,  пишувало во писмото на таткото на младата девојка.

22.07.2014 - 15:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега