Се поремети времето: На северот на Европа пекол - во јужните краеви студено
Лапонија, подрачје на крајниот север од Европа, вчера уживаше во рекордно високи температури од 29 степени, додека европските јужни делови, познати како „потопли“ се жалат на ниски температури, невообичаени за овој период од годината.
Метеоролозите во Норвешка, вчера доцна попладне регистрирале 29,1 степен на мерната станица Нируд, која се наоѓа меѓу Финска и Русија, 250 километри северно о Поларниот круг.
Во Шведска, живата во термометарот се искачила до 28,7 степени во местото Оверкаликс, кое се наоѓа на околу 800 километри северно од Стокхолм.
Слични температури, шведските метеоролози најавуваат и за денеска.
Во ФИнска, на скоро 1000 километриоддалеченост од Хелсинки, забележан е историски рекорд на температурата на воздухот од 28,9 степени, што а метеролозите е неочекувана ситуација.
Наспроти ова, во јужните делови, температурите не достигаат ни 25 степени, а изминатава недела, повисоките места на Блаканот, осамнаа под снег.
Намалување на температурите има и во Македонија. Денеска максимумот ќе биде под 25 степени а се најавуваат и врнежи проследени се силни ветрови и изолирани појави на громтевици