Сакал бензин а не сакал да троши пари - еве што смислил итар кумановчанец
Двајцата кумановчани Ѓ.М(40) и Ј.А(56) си заработија кривични пријави за „фалсификување пари“ и „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“.
На 27. февруари годинава, Ѓ.М. одлучил да си наточи гориво без да потроши пари, па на бензинската пумпа „Беса Компани“ платил со фалсификувана банкнота од 50 евра. Кумановчанецот Ј.А. пак, му дозволил на Ѓ.М. да плати во евра, спротивно на Законот за девизно работење.