Забрана за геј бракови во Нигерија - на хомосексуалците им се закануваат 14 години затвор

Нигерискиот парламент усвои синоќа закон со кој се забрануваат хомосексуални бракови и се ставаат вон законот сите организации кои поддржуваат геј права.

Со новиот закон усвоен едногласно во парламентот, предвидена е казна од 10 години затвор за јавно покажување врски на луѓе од ист пол.

 

Хомосексуалците кои сакаат да се венчаат според новиот закон, ризикуваат затворска казна од 14 години додека оние кои би им помогнале – 10 години затвор. Сите кои се залагаат за права на хомосексуалците или на јавно место покажуваат своја хомосексуална определба исто така може да добијат до 10 години затворска казна.

Законот веднаш е проследен на одобрување од претседателот на државата Гудлак Џонатан. Нигерија има население од 163 милиони жители.

најчитано сега