Министерството за одбрана и ДУТ ќе потпишат меморандум за соработка

Mинистерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери и ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети ќе потпишат Меморандумот за соработка помеѓу двете институции.

Меморандумот за соработка помеѓу МО и ДУТ се потпишува со цел унапредување на меѓусебната соработка, размената на знаења и искуства, како и унапредување на процесите на едукација и обука на кадри.