Обичен преглед 60 евра, воспалено уво 100 евра - еве колку треба да платите за лекар во Грција
Прегледот или интервенцијата доколку граѓанинот нема осигурување има различна цена во различни установи или држави. На пример, според податоци на осигурителни компании, кои плаќале за трошоците на оние што имале полиса, во Грција за обичен преглед цената што треба да се плати достигнува и до 60 евра. Во случај на воспаление на уво цената може да стигне до 100 евра, а за скршеница над 100 евра. Посериозните третмани, болнички лекувања со болнички престој и хируршки интервенции може да достигнат цена и во илјадници евра.
Во Турција овие услуги се речиси двојно поскапи.
Трошоците за транспорт со болничко возило до Македонија во практика може да бидат од 500 до 800 евра, во зависност од која земја се пренесува патникот.
За напад на бубрег, компаниите платиле 3.600 евра, за акутна исхемија 4.400 евра.
- Во една сезона е вообичаено да надоместуваме штети што се движат од 20.000 денари до 300.000 денари - велат од „Осигурување Македонија“.
Целата анализа прочитајте ја во Нова Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа