Почина екс-министерот Владо Поповски

 

Денеска  наутро,  по кратко боледување почина Владо Поповски, секретар на Општина Карпош.

Владо Поповски беше долгогодишен политички работник и врвен професионалец. Во својата плодна политичка и професионална кариера тој беше министер без ресор во Владата на Република Македонија во периодот 2002-2006 година, во  два мандати Секретар на Град Скопје и директор на ЈП „Водовод и канализација“.

 Во последен период од својата истакната професионална кариера во два мандати, од февруари 2010 година,  беше секретар на Општина Карпош. Во последниот период од својата богата политичка  кариера беше член на Извршниот одбор и претседавач на Централниот одбор на  Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ. 

 

Погребот на Секретарот Поповски ќе се изврши утре.

19.07.2014 - 13:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега