Бомбашкиот напад во Бургас бил извршен од Либанец

 

По извршената ДНК експертиза и други процесно-истражни дејствија, бил утврден идентитетот на извршителот на бомбашкиот напад од 18 јули 2012 година на аеродромот во Бургас.

 

Нападот на аеродромот во кој загинаа пет изреалски и еден бугарски државјанин го извршил либанецот Мохамад Хасан ел Хусеини, соопштуваат бугарските власти. Либанецот има и француско државјанство, воедно бил член на групата што учествувала во извршувањето на нападот, во кој биле вклучени и други две лица Мелиад Фарах и Хасан Ал-Хаџ-Хасан.

 

Оваа група, пред две години изведе самоубиствен бомбашки напад врз еден од автобусите со изреалски туристи во близина на аеродромот во Бургас. За нападот, Софија ја обвини либанската милитантна група Хезболах, по што ЕУ ги стави на црната листа на терористички групи.

 

-Терористичкиот напад и натаму трае, при што ќе се изведе уште едно судење, велат Бугарските власти.

18.07.2014 - 16:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега