ВИДЕО: Цели четири години водел двоен живот за да ја изненади мајка си

 

31- годишниот Лиам Блер и подготви неверојатно изненадување на неговата мајка Ронда, кога ја одвел во еден ресторан и таму облечен во свечена одора и соопштил дека во последните четири години студирал психологија без нејзино знаење и дека тоа попладне ќе дипломира.

Едно момче од Шкотска сето тоа го симило и го објавило на Јутјуб, а видеото веднаш почна да се шири по социјалните мрежи.

- Идејата на почетокот беше да не и откријам се додека не се запишам на факултет, но потоа малку се развлече, се пошегува Блер.

Тој четири години водел двоен живот и дури ја уверувал неговата мајка дека работи во една фабрика за преработка на риби.

- Стануваше се побизарно, а лагите стануваат се позамрсени. Тврдев дека работам различни работи и дека претстојувам во хотел во Перт, а стана навистина комплицирано кога почна да ме распрашува за колегите од работа, раскажува Блаир, кој за психлогија се одлучил бидејќи повеќемина негови многу блиски луѓе боледуваат од психички болести.

За да биде изненадувањето уште поголемо Лиам претходно веќе студирал, но го напуштил факултетот за да се посвети на музиката, со што ја разочарал неговата мајка.

- Ронда беше воодушевена. Четири години зборуваше: Место да учи, губи време во фабриката. За неа ова беше голем шок и убаво изненадување, изјави баба му на Лиам, Агнес Героу.

18.07.2014 - 15:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега