Судијата на британскиот Икс Фактор е хомосексуалец?

 

Како што пренесува Мирор, на судењето на поранешната водителка на  Икс Фактор Тулиса Контоставлос, можеби е откриена најголемата тајна на нејзиниот поранешен шеф Сајмон Кауел.

Поранешната водителка на Икс фактор  е обвинета дека на новинар  од магазинот  „Sun“, кој бил на тајна задача, му помогнала да обезбеди дрога. 

За време на судењето на водителката  беше емитувана снимка од телефонски разговор меѓу поранешниот менаџер на Тулиса, Гарет Вареј и новинаот Махер Махмуд.

Кога Махер го прашува Гарет „дали Сајмон Кауел е геј“, тој одговара потврдно. Тогаш тој го прашува и „дали спиел со него“, а Гарет одговара: „Не, Сајмон не ме привлекува“.

- Како знаеш дека е геј, го прашува Махер, а Гарет му одговара дека „познава луѓе кои спиеле со Сајмон“.

Сајмон Кауел засега се уште се нема огласено за ова.

18.07.2014 - 14:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега