ВИДЕО: Северна Кореја е светски шампион- декласиран Бразил со резултат од 8-1

 

И сосеам очекувано Северна Кореја ја освои титулата светски шампион во фудбал, совладувајќи го Бразил со 8-1 во финалето на Маракана, барем според тоа што го прикажуваат вестите во таа земја.

 

Навистина малку претерале со резултатот, но доколку се земе во предвид фактот дека нивниот лидер Ким Јонг Ун константно нагласува дека се светска сила во секој поглед, тогаш и не треба да е толку чудно.

За потсетување тие на патот до финалето ја совладале Португалија со 7-0, одмаздувајќи се за поразот од пред 4 години, а потоа Германија ја победиле со 2-1, Јужна Кореја со 3-0, па како последен бил Бразил.

Снимката ја споделил каналот Korea News Backup, а на неа може да се види народот кој слави на стадионот и улиците, како и нивниот лидер кој ги дочекува репрезентативците, им честита, и се радува заедно со нив.

Ова инаку не е прво слично видео. За време на Светското првенство, во таа земја цело време известувале за "победите" на својата репрезентација.

18.07.2014 - 14:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега