Шиповиќ: ДУП-овите се ставени на дневен ред затоа што има законска обврска

Претседавачот со Советот во Општина Центар, Мирослав Шиповиќ пред почетокот на денешната 23-та седница изјави дека ДУП-овите се ставени на дневен ред затоа што има законска и деловничка обврска, а не поради тоа што е лето, зима или есен.

-ДУП-овите не се ставени на двене ред затоа што е лето, зима или есен, туку затоа што има законска и деловничка обврска и тоа без разлика дали се поднесени од еден советник или цела советничка група и без разлика од која партија доаѓаат, истакна Шиповиќ.

Шиповиќ додава и дека да го интересирале пари ќе правел било што на почетокот и немало да лежи затвор.

- Немаше јас и брат ми да лежиме во затвор 8 месеци и да чекам текот на судскиот процес да покаже дека нема моја вина ниту криминал во случајот „Претседавач“, па потоа да правам пазари за мојата слобода, рече Шиповиќ.

Уште еднаш потенцираше дека никогаш нема да гласа или да поддржи проекти кои се поврзани со „Скопје 2014“. 

18.07.2014 - 13:44
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа