Охрид: Украл пари од продадени гробови

Охриѓанец си присвоил пари од продадени гробови. Се работи за 55-годишниот Н.С. вработен како референт за наплата и доделување на гробни места во ЈП „Градски гробишта“-Охрид кој од лице кое дошло да купи две гробни места, украл пари.

Итриот охриѓанец му рекол на муштеријата дека потребно е време за да изготвување на договорите за купопродажба кои лично ќе му ги однесе заедно со фискалните сметки. Во меѓувреме изготвил две фискални сметки во износ од 92.000 денари, кои ги сторнирал, а договорите не ги дал за книжење во сметководство туку ги уништил. На охриѓанецот му дал два фалсификувани договори со фалсификуван потпис на директорот на јавното претпријатие со што  присвоил 92.000 денари. 

18.07.2014 - 13:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега