ВИДЕО: Ова се патниците кои се возеле во малезискиот авион

 

Малезискиот авион кој вчера беше соборен во источна Украина превезувал 295 патници.

 

Летајќи од Амстердам кон Куала Лумпур авион бил срушен на границата со Украина, кај селото Грабово.

 

И двете страни, ја обвинуваат другата како одговорна за падот на авионот, а се претпоставува дека Боингот 777 бил соборен со граната од земја.

Хулиб Гортер, европскиот извршен директор на Малезија Ерлајнс, за време на прес за новинарите изјавил дека сеуште ги немаат идентификувано сите патници од летот MH17.

Тој ги дал следниве информации за патниците:

 

154 од Холандија, 27 од Австралија, 23 од Малезија и 11 од Индонезија, 6 од Британија, 4 од Германија, 4 од Белгија, 3 од Филипините и еден од Канада. Сите 15-тина членови на екипажот биле од Малезија.

18.07.2014 - 11:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега