ФОТО: Ова е проектилот со кој е срушен малезискиот авион

 

Проектилот земја-воздух од типот BUK,за кој се верува дека го срушил малезискиот авион MH17, е оружје од времето на Советскиот Сојуз.

Овој проектил е многу популарен во источна Европа, вклучувајќи ја и Украина, а способни се да срушат и авион од големина на Боинг 777 кој лета на висина од 10.000 метри.

Сведоците на несреќата тврдат дека остатоците на авионот и деловите од телата на патниците биле расфрални во радиус од 14 километри, што ја потврдува теоријата дека авионот се распаднал во воздух.

 

Во меѓувреме, американските служби потврдиле дека според извештајот на Вол Стрит, малезискиот Боинг 777 бил срушен со проектил земја-воздух, но засега не е потврдено кој го направил тоа.

18.07.2014 - 11:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега