Ја изрешетал сопругата па си пукал во уста - крвав хорор го потресе Балканот

Уште еден крвав хорор ја потресе Србија. 49-годишниот Милојко Јанковиќ ја убил својата 42-годишна сопруга Катарина, а потоа си пресудил самиот на себе.

Според податоците од српскиот Курир, сопружниците биле пронајдени мртви во комбе, на 200 метри од нивната семејна куќа. Трагедијата се случила во саботата попладне, а пукањето го слушнале соседите кои веднаш повикале полиција. 

- Слушнавме пукање. Веднаш притрчавме и ја видовме Катарина облеана во крв. Беше ужасно, глетката беше вистински хорор. Милојко седеше до неа, исто така облеан со крв, велат очевидците и додаваат дека парот живеел во хармонија и дека никогаш немал несогласувања, ниту правел проблеми.

Милојко последните неколку денови бил вознемирен и чудно се однесувал, но никој не знаеч зошто и не помислил дека ќе се случи оваа крвава пресметка. Тој три пати пукал во сопругата, па себе си си пресудил пукајќи си во уста.

 

18.07.2014 - 10:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега