Секое утро сум во манастир- Сека се моли да роди бебе

 

Секое утро фолк пејачката Сека Алексиќ оди во манастирот Витовница, каде чита молитви за да стане мајка, а нејзиниот сопруг Вељко истото го прави во Хиландар.

 

Најголема желба на пејачката е да стане мајка. Таа пред четири години беше толку блиску до остварување на нејзините желби, но неколку дена по Нова година и се слошило, па сопругот ја однел во болница каде било констатирано вонматерична бременост. 

 

На пејачката тешко и паѓа фактот што не може да остане бремена. Најголема желба им е да имаат што повеќе деца, па дури и размислуваат за посвојување, но таа прво сака да роди, па потоа да поднесе барање за посвојување, за да усреќи некое дете на кое му е потребна родителска љубов, изјавил извор близок до парот.

Сека поминува и по 12 часа во манастирот, каде е целосно отсечена од светот. Таа не употребува мобилен телефон, туку само чита молитви и разговара со монасите.

 

 

 

18.07.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега