ОН бараат истрага за падот на изчезнатиот малезиски авион

 

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун синоќа изјави дека постои очигледна потреба за целосна и транспарентна меѓународна истрага за падот на малезискиот авион со 298 патници и членови на екипажот во источниот дел на Украина.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе заседава на итна седница која беше закажана синоќа, а ќе започне во 10 часот по локално време, односно 16 часот по средноевропско време.

Велика Британија, која побара одржување на итна седница на Советот за безбедност, исто така, побара да биде спроведена истрага под надзор на ОН.

Бан Ки- мун изрази длабоко сочувство со семејствата на загинатите и малезискиот народ.

Во авионот на „Малезија ерлајнс“ кој се урна во источниот дел на Украина, околу 60 километри од границата со Русија, се наоѓале вкупно 298 лица, од кои 154 државјани на Холандија.

18.07.2014 - 09:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега