„Туркиш ерлајнс“ ги прекина летовите над Украина

Турската национална воздухопловна компанија „Туркиш ерлајнс“ по падот на малезискиот патнички авион на украинска територија, ги прекина сите летовите над Украина, изјави советникот за медиуми на компанијата Али Генч.

- Бидејќи ситуацијата е многу тензична, додека се не се разјасни, донесена е одлука за прекин на летовите на нашите авиони над Украина, изјави тој.

Откако почна руско-украинскиот конфликт, воздушниот простор над Крим веднаш беше затворен. Но, до падот на малезискиот авион турските авиопревозници ги немаа откажано летовите над Украина.

Се уште нема информации до кога „Туркиш ерлајнс“ нема да лета над Украина.

По несреќата неколку големи авиопревозници од Европа, вклучувајќи ги и „Луфтханза“, „Ер Франс“, „Бритиш ервејс“, „Аерофлот“ и „Ал Италија“, исто така одлучија да ги запрат своите летови преку воздушниот простор над источна Украина.

Европската организација за безбедност на воздухопловството (Еуроконтрол) нареди воздушниот простор над Украина да се затвори за сите цивилни летови.

18.07.2014 - 09:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега