Шиповиќ распали по СДСМ: Шилегов лаже - најдобар им бев додека бев во затвор

 

Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, во изјава за Телма остро реагираш на денешната изјава на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов кој рече дека првиот човек на опозицијата во Центар е под силен притисок од ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа го соопштил на вчерашниот состанок на советничката група со заменик претседатлеот на СДСМ, Радмила Шеќеринска. Шилегов додаде дека Шиповиќ ги известил дека ќе гласа за предложениот Детален урбанистички план од ВМРО-ДПМНЕ.

“Не е вистина дека сум кажал нешто такво и можам да кажам, Боже прости им, не знаат што прават. Од партиски другари тоа да го доживееш...Очигледно во затвор им бев најдобар. Срам да им е. Јас се` уште размислувам како ќе гласам. Денеска бев кај комплексот “Панорама“, таму веќе се гради, изградени се неколку ката, што чекаа до сега, зошто не реагираа?“, ијави Шиповиќ за Телма.

17.07.2014 - 21:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега