Украинските војници масовно гинат - војската полека се повлекува

 

Украина ги обвини руските воздухопловни сили дека собориле украински боберн авион во мисијата над нејзината територија. Украинската војска е приморана на повлекување. Како што наведува Националниот совет за безбедност и одбрана во Киев, авионот Su-25. e соборен со ракета вчера, а тој напад е оценет како нова провокација. 

„Наш авион е соборен, а пилотот успеа да излезе од него“, се наведува во краткото соопштение на Советот и додаваат дека украинските сили, пилотот го префрлиле на безбедно место и дека тој не е повреден. 

Киев претходно ја обвини Русија дека во понеделникот собори воен транспортен авион Ari-26 недалеку од границата на Украина со Русија. 

Четворица членови на екипажот на авионот се спасени, а двајца се зарбоени, и двајца загината, прецизирал денеска украинскиот Совет за безбедност и одбрана. Москва не реагираше на ваквите обвинувања. 

Проруските сили во регионот Доњецк и Луганст биле приморани на повлекување од некои области. Украинските трупи почнаа да се повлекуваат на Запад кон Сабовк, Говорух, Роскошноје и Георгиевски во близина на Луганск. 

Проруската милиција ја презема контролата над местата Мариновка и во регионот Доњецк.

 

17.07.2014 - 18:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега