Момчево се убило поради мастурбација

 

Четрнаесет годишното момче од Сан Диего (Калифорнија) извршил самоубиство поради срамниот чин кој го доживеал кога целото школо ја видело снимката на која се гледа како тој се самозадоволува. Несреќново момче било жртва на невкусна шала. Две недели пред смртта, во ноември минатата година, Метју, кој бил извидник, играл поло и бил член на школскиот боречки тим, а бил исфрлен затоа што јадел сончоглед и отишол во тоалет во Градската универзитетска школа“, каде во тајност бил снимен од страна на еден ученик. Снимката била поставена на сајтовите Snapchat, Vine и на уште неколку друштвени мрежи. 

„Снимката се проширила на интернет“, вели за „Njuz 10“ неговата тетка Лора Бердет Мечак. „Снимката излезе надвор од школските ѕидови. Го гледале и во други школи во Калифорнија. Комшивските деца, кои не го познавале Метју од школото дознале за него од снимката. 

Според нејзините зборови, тинејџерите две недели му го згорчиле животот. На родителите не им кажал што се случило, но во прошталната порака, напишал дека не сакал да се убие, но дека нема пријатели и дека не може да го поднесе присуството во школо. 

 

Од школото покренаа истрага, што значи дека биле запознати со случајот, но не сакаа да кажат на родителите што се случило со момчето, кое е обвинето дека ја направило снимката. 

Во полицијата дознаа дека момчето кое го снимило видеото го признал делото, и дека било приведено. Јавниот обвинител им рекол дека рочиштето во овој случај било закажано за 23 јули.

Семејството на Метју вели дека не се гневни на момчето кое го снимило нивниот син, но се надеваат дека ќе го свртат вниманието на јавноста на опасноста од мобингот на интернет. Поднеле пријава против Школската управа на Сан Диего, затоа што не го заштитиле нивниот син и имаат рок од шест месеци да поднесат тужба.

 

17.07.2014 - 17:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега