ФОТО: Наркозависници паднаа во рацете на полицијата - ги пустошеле куќите низ Охрид

Охриѓани си заработија кривична пријава за кражба. Се работи за 24-годишната С.А. од охридското село Лескоец и 18-годишниот К.Д. од Велгошти кои на 29 минатиот месец од куќа во Велгошти одзеле 25.000 евра. Парите ги пронашле откако со употреба на подесен алат, насилно ја отвориле влезната и вратата од спалната соба каде забележале мала црна кожна торба со пари во апоени од 500 евра. Претходно, пријавените во Велгошти извршиле уште една тешка кражба од куќа.

Кражбата ја извршиле така што преку прозорец влегле во внатрешноста на куќата и по пребарување одзеле еден метален сеф, три мобилни телефони и рачен часовник.  На втори овој месец, пријавениот С.А. преку терасата влегол во куќа на улицата „Караорман“ во Охрид и од спалната соба одзел паричник со 21.000 денари и кутија со накит и бисери.

Тој, со кинење на мрежа поставена на прозорецот, влегол во куќа на улицата „Партизански одреди“ од каде одзел бижутерија, белегзии и обетки. Пријавениот С.А. извршил кражби и од хотелот „Белведере“ каде со прекачување преку балконската тераса влегол во две соби и одзел вкупно 350 евра, еден ајпот, една машка јакна и  машки чевли.

Пријавените С.А. и К.Д.  се лица познати на службата како наркозависници. Против С.А. за вакви и други казнени дела, СВР Охрид има поднесено повеќе кривични пријави.   

17.07.2014 - 12:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега