Црвен тепих за германските херои
Германската фудбалска репрезентација уживаше во забавата со навивачите во Берлин, како и да е, одлично беше и во Минхен.
Фудбалерите на шампионот во Бундеслигата, кои што настапуваат за Баерн Минхен заслужија славје.
На аеродромот во Баварија за нив беше подготвен црвен тепих, на кој му се израдува Бастијан Швајнштајгер.
Тој на колена поклонувајќи се им се заблагодари на сограѓаните кои што беа собрани.
И Филип Лам, Мануел Ноер, Томас Милер и Тони Крос беа располжени и се забавуваа со навивачите.
Даваа изјави за медиумите, делеа автограми, наздравуваа со традиционалното пиво.
Славеа и во име на колегите од клубот Џереми Боатенг и марио Геце, кои што уживаат на одмор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа