Пожарот на Криволак не претставува опасност за полигонот на АРМ

Во непосредна близина на армискиот полигон Криволак и приватното ловиште Патрик претпладнево избувнал пожар, во кој се зафатени и опожарени нискостеблеста шума и суви смреки.

- Пожарот е во ловиштето Патрик во близина на АБХО (атомско, биолошко, хемиска одбрана) полигонот за обука на АРМ. Но, на полигонот АРМ нема ниту објекти, ниту војници ниту  магацини, уште повеќе нема загрозени, изјави за МИА, портпаролот на ГШ на АРМ, Мирче Ѓоргоски.

Се очекува пожарот да биде локализиран до вечерва.

ФОТО: Сител 

најчитано сега