Намален бројот на ученици и студенти сместени во домовите

Во домовите за ученици во основното и во средното образование и студентските домови во учебната 2013/2014 година се сместени 7.488 ученици и студенти. Во однос на претходната учебна година  тоа претставува намалување за 7,9 проценти.

Според Државниот завод за статистика, во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 232 ученици.

Со годишните извештаи на ДЗС се опфатени 38 домови за ученици во основните и во  средните училишта, за ученици во средните верски училишта и студентски домови. 

16.07.2014 - 15:27
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега