Груевски: Извонреден период за еврообврзница

Премиерот Никола Груевски смета дека според условите на финансискиот пазар ова е извонреден период за повлекување еврообврзница и оти ќе се постигне историски најниска камата.

- Проценка е дека ова е извонреден период според условите на финансискиот пазар за повлекување еврообврзница којашто во најголем дел ќе се искористи за рефинансирање, односно за враќање на поранешен долг. Се надевам дека Ставрески и Богов ќе имаат успех во изнаоѓање услови со коишто ќе се постигне најниска камата на евро обврзница, изјави Груевски, по пуштањето во употреба на новата автономна трансформаторска станица и реновираниот далекувод Скопје-Куманово во трафостаницата Скопје 5 на АД МЕПСО. 

Груевски смета дека ќе се постигне историски најниската камата за евро обврзницата на пазарот, поради што се одлучиле токму сега за нејзино издавање.

- Во овој момент не ни е нужно да издадеме еврообврзница зaшто рефинансирањето треба да го направиме на почетокот на следната година, но ценејќи дека условите на пазарот сега споредено со минатите години се идеални, а не можеме да бидеме сигурни дека во иднина ќе бидат подобри, проценивме дека сега е вистинскиот момент да се повлече овој чекор и да се добие финансирање под најдобри можни услови односно главно рефинансирање на претходен долг, изјави Груевски. 

16.07.2014 - 15:08
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега