Меѓународнa финансискa зонa за зголемување на вработеноста

Целта на формирањето меѓународна финансиска зона, што се предлага со уставните измени, е зголемување на вработеноста во Република Македонија. Целосно ќе се преслика регулативата од најдобри економии кои се најпривлечни за инвеститорите. Ова денеска го истакна претседателот на Владата, Никола Груевски.

Груевски посочи дека формирањето меѓународни финансиски зони беше дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, но и од владината програма. По усвојување на уставните измени, најави, ќе се изработи закон во кој во детали ќе се опишат сите планирани работи во меѓународната финансиска зона во Македонија. Предвидено е, појасни, на простор од 10 до 20 хектари да се формира финансиска меѓународна зона во која ќе се пресликаат законите од една од државите, како што се САД, Англија или Германија во делот на финансиите. Интенцијата, укажува, е позитивна бидејќи кога станува збор за пресликување закони од Германија, САД или Англија не може да стане збор за што било што е поврзано со негативни работи како што имаше некои сомневања и стравувања.

- Тоа дополнително треба да го зголеми кредибилитетот на финансиската зона, бидејќи целосно ќе се преслика регулативата од овие најдобри економии кои се најпривлечни за инвеститорите и ќе се дадат дополнителни поволности во делот на даноци и слично, за компаниите кои ќе одлучат тука да ги пренесат нивните седишта, рече Груевски. 

16.07.2014 - 14:55
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега