Донација од германската компанија „Дрекслмаер“ за детска градинка во Неготино

Германската компанија „Дрекслмаер“ која има фабрика во Кавадарци денеска донираше опрема за детската градинка во Неготино во вредност од 20 илјади евра. Се работи за 195 рекс креветчиња и 125 анатомски столчиња. 

- Од 4.400 вработени во Дрекслмаер скоро илјада се од Неготино, градот е пожив, а помагајќи на градинката помагаме и на родителите и нивните деца, рече комерцијалниот директор Георги Тренкоски.

Техничкиот директор Лукас Мирингер меѓу другото нагласи дека децата се нашата иднина и драгоцени членови на нашето општество.

Благодарност за донацијата упати директорката на градинката Весна Нацева.

- Со ова ќе бидат заменети 60 проценти од целокупната потреба на детски креветчиња кои се од 1978 година и неопходна беше потребата да се заменат. Со столчињата ќе бидат опремени 4 занимални, рече директорката Нацева.

Пред присутните се обрати и градоначалникот Ванчо Апостолов.

16.07.2014 - 12:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа