Еве колку „шверцери“ се фатени во автобусите на ЈСП

Расте бројот на граѓани што го користат јавниот превоз, но исто така расте и бројот на „шверцерите“ во автобусите на ЈСП. Како што пишува Дневник, во последните три години службата за контрола на билети лани извршила 156.540 контроли, при што без платени карти биле фатени 15.635 лица. Во таков случај на самото место се наплатува казнен билет од 300 денари, а ако лицето одбие, има рок од осум дена да ја плати казната. Ако не плати, ЈСП поднесува пријава до МВР, по што се поведува прекршочна постапка и се наплатуваат 50 евра, плус 25 за трошоци.

Во споредба со претходни години, оваа бројка на фатени патници без билети е рекордна. За споредба, во 2008 година контролите биле многу позасилени, дури 210.909 годишно, а сепак биле наплатени 10.995 дополнителни билети. Во 2009 регистрирани се 5.325 вакви случаи, во 2010 година - 4.712, а во 2011 година - 8.437. 

Во автобусите на ЈСП- Скопје, во текот на ланската година се превезле 52,4 милиони патници, односно се продале толку билети, што е за 234.000 патници повеќе отколку во 2012 година.

16.07.2014 - 11:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега