ВИДЕО: Пресвртница во програма во живо - погледнете што се случи
Норм Каркос, водител на американската ТВ станица WMTM, за 22 годининовинарска кариера не доживеал вакво нешто- додека го правел прилогот за исчезнатиот човек покрај него по улицата помина господинот чие исчезнување беше пријавено.
Роберт МекДоноу (72) претходните 15 часа го барале полицајци со кучиња, хеликоптери и спасувачи.
- Фрлив поглед кон него и помислив:„Невозможно дека тоа е тој“. Човекот продолжи да оди кон гаражата, а потоа се врати и ни се обрати“, раскажува водителот за незаборавната случка.
МекДоноу, кој страда од деменција бил во стабилна состојба, имал мали исекотини по лактот, а набрзо по него дојде семејството кое го идентификуваше и го однесе дома.
„Тајмингот е се“, рече водителот после среќниот крај на приказната за исчезнатиот човек.