Бакрачески призна: Граѓаните се жалат на високите цени во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вели дека ќе воведе ред на охридските плажи. Како еден од пролбемите кои според анкетите граѓаните ги наведуваат за Охрид, Бакрачески вели дека се високите цени на угостителските услуги.

- Сите анкети кои се спроведуваа во изминатава година покажаа дека туристите во Охрид најмногу незадоволство генерираат од високите цени на угостителските услуги и од состојбата со плажите, поточно непочитувањето на правилниците и договорите од страна на поедини концесионери кои ги имаат целосно прекриено плажите со лежалки и наплатуваат за нивно користење, без притоа да остават 60 % слободна површина,  изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Градоначалникот вели дека отстапки нема и неможе да има бидејќи законот е ист за сите и сите треба подеднакво да го почитуват.

- Толеранција на самоволието, нередот, насилничкото однесување и непочитување на законот нема да има додека сум јас на власт. Сите оние концесионери на плажи кои упорно го кршат законот, ќе бидат сакнционирани, ќе се поднесат соодветни пријави, а ќе бидат раскинати и договорите за закуп на плажите, кои пак потоа повлекуваат други последици за нив,  вели Бакрачески.

16.07.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега