Откриена семејната тајна: Кејт Мидлтон повторно бремена!
Откриена е тајна која кралското семејство вешто ја криело во последно време. Малиот принц Џорџ ќе добие братче или сестриче!
Пред неколку месеци странските медиуми започнаа да шпекулираат за бременоста на Кејт Мидлтон, а сега се чини дека сето тоа е вистина. Иако од Бакингемската палата одбиваат да коментираат на бременоста на славната војвотка Кејт веста забрзано почна да се шири по медиумите.
- Неколкумина ми рекоа дека Кејт е бремена, мислам дека за неколку недели тоа и службено ќе го потврдат, изјави за австралиското списание „New Idea“ Џесика Хај, долгогодишна пријателка на Кејт Мидлтон.
Оние кои ја познаваат војвотката од Кембриџ велат дека и се познваат промени на телото. Лицето и е побуцкасто и се здебелила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа