Сколари, сепак заработи отказ

 

Како што пренесуваат бразилските медиуми,  Луис Фелипе Сколари не е повеќе селектор на Бразил. По завршувањето на Светското првенство неговиот договор заврши, а Фудбалскиот сојуз на Бразил нема да ја продолжи соработката со него.

Фановите во Бразил се бесни на Сколари бидејќи од него очекуваа да ја однесе селекцијата до шестиот пехар, но сепак добија само големо разочарување.

На селекторското место Бразил стигна во 2012-та година, а минатата година го освои Купот на Конфедераците со „Кариоките“.

Претходно Сколари изјави дека не планира да поднесе оставка, а од Фудбалскиот сојуз на оваа земја пред неколку дена порачаа дека ќе почекаат со одлуката околу иднината на нивниот селектор.

14.07.2014 - 11:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега