Меси: Златната топка не ми значи ништо
Капитенот на Аргентина Лионел Меси изјави дека не и придава поголемо значење на наградата за најдобар играч на првенството.
- Ништо не ми значи Златната топка. Мојата желба беше репрезентацијата да биде најдобра. Имавме шанси да ги направиме навивачите среќни, ама не успеавме да реализираме. Одигравме добар натпревар против силен противник. Заслуживме повеќе, но тоа е фудбалот. Тажен сум поради испуштената прилика, истакна Меси.
Аргентина синоќа во финалето на Мундијалот загуби од Германија на продолженија со 1:0.
ФИФА по финалето ги соопшти најдобрите во неколку категории. На Меси му беше доделена Златната топка која е наменета за најдобриот фудбалер на шампионатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа