ВИДЕО: Прекрасно сончево време на плажа и одеднаш хорор
Капачите на реката Об во рускиот Новосибирск воопшто не очекуваа дека во една минута прекрасно и сончево време ќе се претвори во хорор.
Додека тие уживале на плажата на реката во топлото време, одеднаш почнал да дува силен ветер кој носел се пред себе. Во рок од една минута почнал да паѓа град со големина на тениско топче.
Капачите почнале да бегаат и да бараат засолниште, а дури 17 од нив подоцна побарале лекарска помош поради удар од големите парчиња на мраз.
14.07.2014 - 10:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа