Данај: Скопје мора да го исчистиме од неалбанците
Лидерот на Листа за природна Албанија, политичка партија која отворено се залага за создавање на Голема Албанија, вели дека протестите во Скопје мора да продолжат се додека не се исчисти територијата од неалбанци и дека тие водат кон создавање на нова албанска држава, која би го зафатила и југот на Србија
Албанскиот историчар и лидер на Листа за природна Албанија, Кочо Данај, во интервју за српскиот весник Курир" вели дека Македонија веќе е мртва и дека следна на ред е Србија, бидејќи се создава природна" Албанија, која ќе се простира на голем дел од територијата на нашата држава и на половина од југот на Србија. Партијата Листа за природна Албанија е формирана во Тирана во 2010 година и отворено се залага за формирање на големоалбанската држава.
Данај, кој се смета за најгласниот заговорник на големоалбанската држава, во интервјуто за Курир" тврди дека протестите во Скопје биле израз на борбата на Албанците, кои во нашата држава биле третирани како граѓани од втор ред.
- Албанците се кренаа против шовинизмот на македонската Влада. Тие се судрија со полицијата, која беше наоружана до заби. Протестите во Македонија мора да продолжат. Чекор по чекор таа територија треба да биде исчистена и ослободена од секоја религиска и национална разноличност, а бунтот треба да се трансформира во едно сеопфатно движење чија единствена цел би требало да биде конечно спојување со Албанија. Тоа е единствениот јазик кој македонскиот премиер Никола Груевски го разбира, а очигледно и Брисел. Албанскиот народ има право да одбие коегзистенција со Владата и народот кој не ги прифаќа. Тие се угнетувани во земја каде што се 35 отсто од населението - вели Данај за српскиот весник.
Тој нагласува дека Македонија во 2001 година избегнала распаѓање само поради тоа што со Албанците е потпишан Охридскиот рамковен договор, кој никогаш вистински не е прифатен.
- Договорот одамна е мртов и погребан. Но, со него и Македонија умре како држава - предупредува Данај.
Според неговите зборови, сите Албанци ја поддржуваат идејата и проектот за создавање на природна Албанија", чија територија би ја зафаќала Албанија, цело Косово, делови од јужна Србија, западна Македонија, неколку општини во источниот дел од Црна Гоира и областа Чемерија во северна Грција.
- Не сакаме да дозволиме да влеземе во Европската унија како неотомански вилает. Ние во ЕУ ќе се интегрираме како модерна држава. Само погледајте какви пароли носат демонстрантите во протестите во Скопје, Етничка Албанија" и мапи со границите на природна Албанија". Тоа значи дека го разбираат и го поддржуваат мојот проект. Дури и нашите соседи се додека сакаат во регионот да има мир и стабилност мора да ја прифатат природна Албанија" - вели Данај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа