СДСМ бара бесплатен градски превоз за студентите секој ден

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара од Владата да обезбеди бесплатен јавен превоз на студентите секој ден а не само во четврток, а како единствена легитимација студентите би го користеле студентскиот Индекс.

СДСМ смета дека одлуката студентите да го користат бесплатно јавниот превоз само еден ден во неделата е недоволна, додека документите кои им се потребни за да го искористат ова право им создаваат само проблеми.

- Младите за да можат да се возат бесплатно секој четврток, наместо студентски Индекс ќе мораат да приложат посебна легитимација. Редовните студенти ќе треба да приложат заверено барање и фотографија до ЈСП, а на вонредните ќе им треба и потврда од Агенцијата за вработување дека не се во работен однос како и здравствена легитимација на увид. Ова се дополнителни и непотребни административни работи, кои на студентите им задаваат проблеми, бидејќи како што велат и тие, службите на факултетите се бавни и се чека по неколку денови за една формална потврда, рече претседателот на СДММ, Стефан Богоев на денешната прес-конференција.

Од СДСМ очекуваат власта да го прифати ова барање и во меѓувреме, како што велат, да ги олеснат процедурите за користење на бесплатниот превоз во четврток. 

13.07.2014 - 15:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега