Лекарите збунети- таа не чувствува никаква болка

 

14- годишната Габи Гинграс додека била бебе ја гризела својата сопствена рака, а родителите морале да и ги извадат и сите заби бидејќи почнала да го гризе и јазикот.

Додека нејзините родители да откријат што всушност се случува со нивната ќерка, оваа девојка веќе си нанела прилично голема штета.

Со оглед на тоа дека не чувствувала болка, а бидејќи била бебе не била ниту свесна, со прстот си го оштетила окото па морале да и го отстранат.

Габи има ретка болест поради која не чувствува физичка болка. Цел еден месец нејзините родители не знаеле дека и била скршена вилицата. Нејзиното тело не чувствува ниту разлика во температура, па при најголеми студови излегувала од дома речиси гола. Поради тоа, нејзините родители мора секогаш да ја предупредуваат. На пример, доколку минува покрај топла рингла, мора да ја предупредат за да не ја стави нејзината рака.

Иако ја има оваа болест оваа 14-годишна девојка е обична тинејџерка која посетува настава, има пријатели, хоби... Во слободно време свири на саксофон и се дружи со своите врсници.

Од нив се разликува бидејќи редовно посетува некаков лекар - офталмолог, ендокринолог, ортопед...

-"Сега се чувствувам поубаво со мојата состојба отколку порано. Тоа не влијае на личноста која што сум, туку повеќе на работите кои ги правам", заклучува Габи.

13.07.2014 - 13:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега