Мајката се шокирала кога видела што донело детето од градината

 

Мајката на едно 18 месечно момче од Саудиска Арабија останала шокирана кога видела што донело детенцото од градината.

Момчето си играло во дворот, здогледало змија и ја земало во раце. Момчето мислело дека си нашло нова играчка, па било пресреќно кога дотрчало до мајка си која се ужаснала од глетката.
Штом ја здогледала змијата, мајката го удрила детето по рака за да му падне и го преместила на страна.
Мајката потоа земала стап и ја убила змијата. Според медиумите, се работело за змија отровница.

13.07.2014 - 12:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега