Бекам предвидува- еве кој ќе биде шампион

 

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам истакна дека во финалето на Светското првенство ќе навива за Аргентина и прогнозира нејзина победа над Германија со 3:1.

-Ова е фантастично првенство, со два големи тима во финалето. Иако немаат ѕвезди, Германците имаат одличен тим во кој сите играат добро. Играа неверојатен фудбал на ова првенство. Аргентина исто така има сјаен тим, но тие го имаат Меси, кој е исклучителен и неверојатно добар фудбалер кој едвај чекам да го гледам. Затоа навивам Аргентина да победи со 3:1, посочи Бекам.

 

 

Бекам како една од најголемите ѕвезди на Мундијалот во Бразил го истака Колумбиецот Хамес Родригез.

13.07.2014 - 11:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега