Одлучив да се замонашам- се отвори Гога Секулиќ

 

Познатата српска пејачка Гога Секулиќ,  иако руши рекорди со новиот сингл Рекорд сам оборила, вели дека повеќе нема сила и дека ситуацијата низ која минува сосема ја скршила. Таа одлучи спасот да го побара во еден манастир.

 

Пејачката по смртта на својот сопруг Игор Рамовиќ одлучи да ја напушти естрадата и по тешките мигови кои ги доживеа во последнате година дена, да се замонаши и утехата да ја побара во женски манастир.

 

-Ја напуштам естрадата и заминувам во манастир. Да, добро слушнавте, немам што да кријам. Сакам да се замонашам. Свесна сум дека тоа е сосема нова димензија и добро знам се за тоа, но тоа е моја желба. Минав ни сешто, многу работи не ми се допаѓаат, многу валканици има секаде околу мене против кои не можам да се борам, ниту сум во состојба да менувам нешто – рече Гога.

13.07.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега