Силна експлозија во Истанбул- две лица загинаа а 11 се повредени
Две лица загинаа, а 11 се тешко повредени при експлозија која се случила вчера во близина на трамвајска станица во турскиот град Истанбул.
Како што пренесува Си-Ен-Ен Турк експлозијата се случила во занаетчиска работилница која се наоѓала во петкатна зграда во квартот Зејтинибурну.
На телевизиските снимки беше прикажан чад кој излегува од зградата каде се случи експлозијата, а на местото веднаш пристигнале противпожарни екипи и итна помош. Пожарот бил брзо изгаснат.
Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу ја отфрли веројатноста дека станува збор за терористички напад, туку причина за инцидентот е истекување на гас.
Вчера во експлозија поради истекување гас во југозападниот град Денизли, загина едно лице а 36 беа повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа