ФОТО: Монструм- Го убил целото семејство на поранешната сопруга
33- годишниот Рон Ли Хаскел е уапсен во Тексас, откако со огнено оружје го убил шест членото семејство на неговата поранешна сопруга.
Рон ги убил 34-годишната Кејти Стеј, нејзниниот сопруг 39-годишниот Стивен, нивните два синови на 4 и 14-годишна возраст и нивните двете ќерки на 7 и 9-годишна возраст пукајќи им во тилот.
Само нивната 15-годишна ќерка успеала да преживее, иако се здобила со тешки повреди на главата, но додека Рон пукал во неа паднала и се преправала дека е мртва се додека тој не заминал, по што веднаш повикала полиција.
Хаскел и неговата сега поранешна сопруга стапиле во брак во 2002 година, а се развеле во јуни 2013. Брачниот пар никогаш не се сложувал добро, а доказ за тоа е и неговото досие, во кое стои дека Рон неколкупати бил приведуван поради семејно насилство.
По разводот Рон бил гневен на семејството на поранешната сопруга, а посебно на нејзината сестра која му помогнала да го напушти и да започне нов живот. Тој и се заканувал на Кејти, па полицијата неколкупати го приведувала додека се врткал околу нивната куќа.
За болната опсесија на Рон сведочи и неговата родена мајка која побарала да му забранат на нејзниниот син да и се доближува, бидејќи, како што раскажала пред судот, ја заврзал со леплива трака за столот и ја држел четири часа, одвреме на време давејќи ја, само затоа што дознал дека разговарала со неговата поранешна сопруга по телефон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа