Сколари: Тоа е тоа не можам да седам и да плачам

 

Селекторот на Бразил Луис Фелипе Сколари изјави дека одлуката за тоа дали ќе остане на оваа функција или не ќе ја донесе претседателот на фудбалскиот сојуз.

 

-Одлуката за мојата иднина не е донесена. Одлуката за тоа дали ќе останам или не ќе ја донесе фудбалскиот сојуз. Не сакам за тоа да разговарам со новинарите, потенцираше Сколари.

 

Бразил загуби од Холандија со убедливи 3:0 во пресметката за третото место на Светското првенство.

-Сакам да ве потсетам на тоа дека репрезентацијата на последните три Мундијали завршуваше помеѓу четири најдобри екипи. Не можам да седам тука и да плачам до крајот на животот. Рано примивме гол и веднаш почна битката. Игравме добро, бевме помалку напнати и создадовме одлични шанси, рече Сколари.

За прв пат во историјата на Мундијалите Бразил е поразен на два последователни натпревари во својата 100-годишна историја, а за само 180 минути примија дури 10 голови.

 

Во финалето на Светското првенство вечерва со почеток во 21 часот играат Аргентина и Германија.

13.07.2014 - 09:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега