Ти си мојот шампион- искрено писмо од 9 годишно девојче до Давид Луиз

 

9- годишно девојче, фан на Бразил, одлучи да му напише писмо на капитенот на репрезентацијата на Бразил Давид Луиз.

 

Капитенот на Бразил, Давид Луиз тешко го прифати катастрофалниот пораз од Германија од 7:1, па по мечот не можеше да ги сопре солзите. Сето тоа го гледало едно 9-годишно девојче кое одлучило да му испрати писмо со поддршка.

 

Во писмото пишува:

„Здраво Давид Луиз,

Јас се викам Ана Луиз.

Ги гледав сите мечеви на Бразил на Светското првенство и многу ми се допадна како играше.

Мислам дека нема потреба да бидеш тажен бидејќи ти играше многу добро и даде се од себе. Ти си голем капитен.

Животот е таков, некогаш луѓето губат, а некогаш победуваат, но луѓето само им треба да бидат среќни.

Давид Луиз, ти си мојот шампион.

 

Ана Луиз Пења Реале“

12.07.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега