За 24 часа загинати седум цивили и седум украински војници
Намјалку седум цивили во Доњецката и Луганската област и седум украински војници загинале, а десетина се повредени во изминатите 24 часа, јавија денеска руски и украински медиуми.
Најмалку четири цивили загинале во артилериска стрелба која е отворена врз предградие во Доњецк, Марјинка, во која се наоѓаат единици на сепаратистите.
При тоа оштетени се и неколку претпријатија и систем за пречистување вода, поради што во тоа место нема вода за пиење.
Претставници на самопрогласената Доњецка народна република наведоа дека украинската војска пукала и врз станбеи квартови и е погоден дом за деца без родители.
Ситуацијата во Луганск и натаму е напната и според соопштението на градските власти, загинале три лица, а повредени се 11, кога се погодени обласен воен комесаријат и онколошки диспанзер.
Според украински медиуми, во текот на ноќта проруски сили на истокот на Украина извршиле повеќе минофрлачки напади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа