Ова се кандидатите за најдобр играч на Светското првенство
На листата десет играчи кои се кандидати за најдобриот играч на Светското првенство во конкуренција се четворица играчи на Германија, тројца Аргентинци, по еден Бразилец, Колумбиец и Холанѓанец.
Матс Хумелс, Филип Лам, Томас Милер и Тони Крос се германските играчи ки се меѓу кандидатите, додека од Аргентина се Хавиер Маскерано, Лионел Меси и Анхел ди Марија.
Арјен Робен (Холандија), Хамес Родригез (Колумбија) и Нејмар (Бразил) се останатите тројца.
Кандидатите за најдобар голман се Навас (Костарика), Ноер (Германија) и Ромеро (Аргентина).
12.07.2014 - 13:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа